Пролет во февруари - викендов сите патишта водеа кон зоолошка

Од најмали до најстари. Недела ден за одмор и уживање, а зоолошката градина е одлична за тоа. 

Зоолошката градина овој викенд беше полна со посетители, особено во недела, кога и сонцето беше на страна на сите. 

Со доаѓањето на многу нови животни посетеноста во зоолошка постојано се зголемува, а вработените очекуваат во иднина уште повеќе посетители. 

Наскоро ќе пристигнат уште нови животни, а во тек се и изградби на нови живеалишта. Нови се градат, а старите се одржуваат. 

Зоолошката градина постојано има нови активности. 

Топлото, пролетно време кое следува, искористете го за прошетка и за запознавање со новите животни.