Производите од странство и кај нас – цената иста, квалитетот различен

Квалитетот на производите наменети за одреден пазар варира и тоа не е тајна. Луѓето веќе одамна забележаа дека одредени производи се поквалитетни ако се купат во земјите на ЕУ, па одредени технички производи, ако се во можност, многу луѓе ги купуваат во странство.

Таков случај е со прехранбените намирници, техничките апарати и други производи. Граѓаните од декларациите можат да видат се што се наоѓа во производот кој го купиле, па така се останува во законските рамки. А тоа што граѓаните на декларацијата не можат да прочитаат дали тој производ е подобар или полош од остатокот на Европа, производителите секако не ги загрижува.

Медиумите веќе со години предупредуваат на овој проблем, но ништо важно не се презема тоа да се реши.

Пример со популарната Нутела, пред неколку години е утврдено дека Нутелата наменета за пазарот на Југоисточна Европа во себе има многу помалку лешници од таа што е наменета за Западна Европа. Наводно со истражување е утврдено дека конзументите на Југоисточна Европа повеќе ја сакаат Нутелата со помалку лешници. 

Голем број потрошувачи се жалат на квалитетот на чевлите, мобилните и белата техника, бидејќи по неколку месеци наведените производи се расипуваат и се праќаат на сервис. На пример, мобилните телефони се блокираат, патиките се распаѓаат, телевизорите не работат и слични работи.

Слична е состојбата и со текстилот. – Што се однесува до текстилот, се забележуваат исто а понекогаш и повисоки цени од тие кои се наоѓаат во некои модни куќи во земјите на ЕУ и тоа е најголема забелешка на потрошувачите. Несразмерна цена во однос на платите на граѓаните. Покрај тоа, постои текстил кој се увезува од различни пазари, а кој исто така мора да помине контрола на квалитет на надлежните органи.

За да ги заштити своите права, од овој Центар на потрошувачи препорачуваат информирање и едукација, како кај нив така и во другите организации кои се бават со заштита и правата на потрошувачите. Купувачите треба детално да ги читаат декларациите и да бидат внимателни при секое купување.