Производи што можете да ги користите и после истекувањето на рокот на траење

Иако не се препорачува да се користи храна после истекувањето на рокот на траење, некои продукти може да бидат во ред уште некое време. Понекогаш рокот на траење се однесува повеќе на свежината на продуктите отколку на штетноста на организмот.

Кечап

Кечапот во фрижидерот го задржува својот квалитет. После истекувањето на рокот на траење, може да се консумира освен ако не се појави чуден мирис.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да остане свежо од 18 до 24 месеци. Се препорачува да се држи на ладно и темно место, па дури и во фрижидер доколку живеете во место со топла клима.

Јајца

Во фрижидерот јајцата може да бидат 3 до 5 недели.

Млеко

Млекото може да потрае и недела дена после рокот на траење. Доколку го променило вкусот, мирисот и изгледот, тогаш не е за пиење.

Јогурт

Може да трае 7 до 10 дена после рокот на траење, а во замрзнувачот два месеци.

Кисели краставички

Отворена тегла кисели краставички во фрижидерот може да стојат до година дена, а тоа важи и за некои продукти како што се маслинките.

Млеко од соја

Млекото од соја е слично произведено како и кравјото млеко и за него важи истото правило.

Оцет

Рокот на траење на оцетот е бескраен. Естетските промени, како што е бојата или развојот на седиментот може да се случи во вид на оцет кој не белее, но производот сеуште може да биде сигурен за користење.

Мед

Медот своите квалитети ги задржува сè додека не се потроши.

Сенф

Кога го купувате во продавница, сенфот е чуван во фрижидерот и трае и до една година после истекувањето на траење. Тоа не важи за домашниот сенф кој се расипува многу побрзо.

Путер

Можете да го користите 2 недели после истекувањето на рокот. Замрзнатиот путер можете да го чувате 9 месеци.

Кафе

Отворено пакување од кафе трае од 3 до 5 месеци откако ќе му помине рокот на траење, а зрното кафе половина година.

Тестенини

Исушените тестенини после рокот на траење може да се користат до година дена, но сигурно после купувањето ќе ги искористите после неколку недели.

Зачини

Со исклучок на нането, скоро сите зачини од цимет до бибер, може да траат и 2 години после рокот на истекување.

Чај

Без оглед на тоа дали чајот е пакуван во вреќа или во вид на растение, можете да го правите и шест месеци после истекувањето на рокот.