[Програма] Што има во град викендов?

Сабота 12.5.2018

[11.00] Скопски цветен фестивал// Градски парк

Петтиот Скопски цветен фестивал кој е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП “Паркови и зеленило” ќе се одржи на 12 и 13 мај 2018 (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото “Во боите на виножитото”.

Фестивалот ќе започне на 12 мај со цветно дефиле од фонтаната Лотосов цвет во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и основните училишта, облечени во боите на виножитото, кои ќе се движат низ 5 различни патеки во паркот, а дефилето ќе го пратат повеќе од 200 велосипедисти.

[08.00] Македонски алпинистички великани // Св. Никола Шишевски – Матка

Во текот на викендот, 12/13 мај, на Матка ќе се одржи традиционалниот меморијален алпинистички собир, посветен на великаните на македонскиот алпинизам.

Собирот ќе се спроведува според неформална програма, која во текот на денот ќе се состои од качување по избор во долги и кратки насоки, а сместувањето ќе биде во шатори во дворот на манастирот Свети Никола (Шишевски Манастир) и исхраната ќе биде “од ранец“.

[11.00] Мај Флај // МАЈФЛАЈ – Стенковец

Интернационален собир на моделари и размена на искуства од ревијален вид со презентација на радио контролирани воздухопловни модели – „МАЈФЛАЈ„ Стенковец , Скопје, Македонија.

Настан од отворен карактер на кој ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.

Визија: Да се промовира бенефитот и уникатноста на радио контролираното моделарство како спорт и хоби и да се прошират и зацврстат долгорочните врски со интернационални и регионални клубови и нивните членови.

Мисија: Да се овозможи и направи пристапно уникатно искуство на сите обожуватели на овој атрактивен спорт и хоби кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси преку лична, клубска промоција, но и промоција на матичната земја.

Време 12-13 Мај 2018 ( Сабота и Недела ) 11:00 – 18.00
Место: Спортски аеродром Стенковец – Бразда LW 75

[11.00] Game Day // Младински Културен Центар

Spin&Spray – пиеме кафе, вртиме плочи и уживаме во скилот на Вутар ЕБСФ ( live graffiti act ). За сите оние кои ќе се одлучат да ја поминат саботата дома, ќе можат да го пратат целиот настан преку live stream!

[12.00] Vintage Clothing from Amsterdam // Public Room

Во следниве четири дена ве покануваме да ги погледнете новите пролетни парчиња кои пристигнаа од Амстердам.

[13.00] Spin & Spray // L’angolo Di Caffé

Дојди на официјалното отворање на Hybrid Store, ќе има музиче, розеви пијачки и 20% попуст на сите производи! Освен тоа, учествувај во наградната игра за најдобра фотографија која ќе трае цела недела. Правилата се лесни, го сликате купениот производ, Hybrid Store го постираат на нивната фб страница, а сопственикот на фотката со највеќе лајкови добива накит по свој избор!

[13.00] 2.Фестивалски форум, Скопје креатива 2018 // Младински Културен Центар

Целта на вториот фестивалски форум за развој на креативните индустрии е поврзување на сите сектори и професии кои тематски влегуваат во фокусот на креативните индустрии. Во креативни индустрии влегуваат: современ дизајн (продукт, индустриски, графички, моден дизајн), традиционална и современа архитектура/ентериер (мебел дизајн), занаети (традиционални и современи методи), новите медиуми: видео филм, анимација, видео игри, ТВ, радио, фотографија, ИТ сектор: веб-дизајн, дизајн на софтвери, вештачка интелигенција, образование и издаваштво; културното нематеријално и материјално наследство во музеите, галериите, библиотеките, локалитетите; креативен ПР, маркетинг и менаџмент, културен туризам. 

[14.00] YTMKD SHOW // Boris Trajkovski Sports Center

Јутуберска атмосфера предводена од Bobi Beatbox, GP, Winncoot, Steffonator, Bambo, Иван Ајнштајн, IB, Blostur, Darko Atanasovic, Antonio HD, BonnoTV, LordOFails, Андреј Прави Влогови и Nikola’s Art House. Ќе биде скроз лудо, ќе има челинџи, гејминг, пеење, зезање, Q&A.

[14.30] Промоција на Стрип Магазинот „Деветка“ // Младински Културен Центар

Во Сабота, 12-ти Мај од 14:30 часот, во рамките на Скопје Креатива ќе се одржи промоција на новиот Стрип магазин „Деветка“.

Повелете на дружба на уште еден стрип настан од издавачката куќа Стрип Квадрат, во кој ќе бидете запознаени со содржините на магазинот, како и со плановите за наредните броеви.

[15.00] Hearthstone – The Witchwood Launch Party // Младински Културен Центар

Го прославуваме излегувањето на новата Хартстоун едиција со супер евент на специјална локација.
Форматот на турнирот е стандарден како и порано – секој доаѓа со два стандард декови од две различни класи, а се игра во две добиени, со секоја класа по еднаш. На крајот на турнирот (4-5 кола) ќе се игра Топ 4 за највредните награди.
Секој си доаѓа со свој уред (лаптоп, таблет, мобилен) и свој Хартстоун акаунт.
Награди како и секогаш ќе има и по случаен избор, а цел ден во МКЦ ќе се играат и најразлични други игри, па ќе може да си дојдете на целодневна забава!

Пријавувањето е со праќање е-маил на contact@goblingames.com.mk со вашето име, презиме и бетл таг.
Учество: 100 ден.

Повеќе детали околу Game Day евентот во МКЦ може да видите тука:
https://www.facebook.com/events/830383113811973/

[20.00] Ибрахим Кодра // Национална галерија на Македонија

Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство ја најавува изложбата „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“, која ќе биде реализирана во соработка со Националната галерија на Косово.

[20.00] Изложба на Барбара Спасевска // Concept 37

Станува збор за метафоричен сплет од визуелна елементација во самите фотографии, со цел да се пристапи што поблиску до еден поширок хоризонт на размислување кај гледачот. Концептот ,,Таа” ќе интерпретира едно проучување на психофизичката експресија или состојба на моделот пред објективот, и истиот е зачинет со фузија од природата на женската надворешност со нејзината внатрешна драматичност. 

[20.00] Tosca – G. Puccini // Македонска Опера и Балет

Тоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14. Јануари 1900 г. во Рим, Италија.

[20.30] MATRA a Spell on You // MKC Club & Restaurant

Во рамките на Skopje kreativa – Festival for creative industries “A Spell on you” (Магија на тебе) е колекција нa висока мода, костими за капење пролет-лето 2018/2019.

[21.00] Acoustic Saturday // Distrikt Bar & Kitchen

The Crew повторно на сцената во Дистрикт Бар и Ресторан! Секоја сабота повелете на уживање со акустична музика, пријатна атмосфера и уникатни вкусови! Искористете го убавото време во месец мај и повелете на нашата летна тераса. Резервации: 071/238-522

[21.00] Sabotna J&B Zurka so Vladodlak // Цреша Бар

Сабота игранка во Цреша бар.
Мало изненадување журката ќе биде појачана со попусти нa J&B whiskies – 120 ден промо цена.
Музика Владодлак.

[21.00] Open Mic Night vol.7 // MKC Club & Restaurant

Вечер отворена за настап на срамежливи и смели, тивки и гласни пеачи и инструменталисти!
Имаме клавир, гитари, џембе, супер монитори и светла…
Понесете си и друг инструмент ако ви е потребен.
Ако сакате само да пеете контактирајте го Marko Chvarko за да ви припреми придружба со клавир или гитара. На почеток од вечерта запишете си го името на листата.

[21.00] Chill Play // BEERtija Pub

Chill Play

[21.30] Night Out // Fourplay Cafe

Оваа сабота имаме проверена екипа во Форплеј. Double G повторно позади миксетата, и џин тоник позади шанкот.

[21.30] Jazz Weekend // Bruklinski Jazz Bistro

Сабота, исто време, LIVE JAZZ со Филип Димишковски, Иван Бејков, и Александар Џигер.

[22.00] Weekend // Public Room

Во сабота, на 12 мај, нашата Јавна Соба ќе ја тресе јакиот ритам на новата PopUp Music журка. Заедно со PopUp Music ви го најавуваме Dj Rescobar, познат по својот единствен old school house звук и лудите журки што ги прави на своите сетови во Србија.

За резервации јавете ни се на 078/250-554

[23.55] Transcendence Treatment // Капан Ан

Transcendence Treatment Vol. 9

Maggie [Btkrsh/CodeXX]
Dea Purpurea [Glowing Flames Records]

[23.59] Beta House // Летна Хавана

Милениците на публиката во Summer club Havana – Beta House Band се враќаат на местото каде што најмногу припаѓаат. Оваа сабота е почетокот на новите дружби со нив, кои ќе бидат исполнети со еден куп рок класици, a ќе не пратат во текот на целото лето.

[23.59] Cyrillic [season closing] // VOX Night Club

VOX Club брои уште една успешна сезона, благодарение на Вас кои во огромен број не пратевте секој викенд. Со чест и задоволство ви ја најавуваме нашата последна Саботна забава за оваа сезона заедно со фантастичните Андреј и Бојан од Cyrillic.

Недела 13.5.18

[18.00] Fierce // Излет

Fierce live
Eвентот е проследен со цртање во живо – Игор Стевковски – Стевац

[20.00] Проекција на победничките филмови на ФФФ 2018 // Кинотека на Македонија

Крај мене (Beside Me / Coborâm la prima, 2017)
реж. Теди Некула / Tedy Necula (RO), 84 мин.
Најдобар долгометражен филм според публиката на ФФФ 2018

Подземната железница во Букурешт е блокирана во утринските часови, само еден ден по ужасниот пожар во еден од ноќните клубови на главниот град со голем број починати или поврдени млади луѓе. Овој инспиративен филм на младиот романски режисер Теди Некула, на кој истовремено може да се гледа и како на социјален експеримент, претставува алегориска приказна за самиот свет и за односите во него. Луѓето тргнати на пат почнуваат да разговараат еден со друг. Што се случува кога времето, магично или механички, ќе застане за еден момент… или за половина час? Кога другиот сум јас, а јас сум другиот и кога времето „изгубено“ може да се претвори во време „добиено“ (пријател, искуство, разговор). На крајот на патот претворен во патешествие, некој излегува променет.

[21.00] Импров Група Настап // Факултет за Драмски Уметности

Овде треба да пишува паметни мисли околу импров групата и детален опис на истата. Меѓутоа овој пат кога требаше да напишам такви нешта никако не ми текнуваа. И воопшто, дали некој го чита ова? Дали некој ќе го кликне see more дугмето и ова ќе го прочита до крај? Можеби. Но, и да го стори тоа, нема да дознае премногу. А се разбира ќе проба и да побара на Google. Попусто. Ќе треба да дојде и да види. Да открие што е тоа всушност овој настан. Се разбира ако ти што го читаш ова, стигна до овде поради фактот дека навистина си заинтересиран околу целата оваа работа, дојди на импров во недела. Убаво ќе биде времето!

Игрите ги играат:
Дамјан Цветановски
Мартин Манев
Тони Денковски
Григор Јовановски
Сергеј Димовски

Андреј Цветановски – (водител)