[Програма] Овој викенд настани кои ретко се случуваат во Скопје

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на слаба магла и ниска облачност, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 17 степени.Овој викенд има планинска тура за планинари и велосипедисти како и интересни и разнолика програма на забавни и музички настани:

Саем за деца и родители во Skopje City Mall

Овој викенд Skopje City Mall организира Саем за деца и родители, настан кој благодарение на различните активности кои се атрактивни за сите возрасти - ги спојува семејствата и прерасна во традиција за трговскиот центар.

И оваа година, сите кои ќе го посетат Skopje City Mall од 18 до 20 ноември, ќе уживаат во шопинг на попуст и многу изненадувања. Од центарот најавуваат големо отворање во петок во 18:30 часот со првото Kids disco и парада на маскоти. Програмата е сочинета од Арт работилници каде што ќе се креираат уметнички дела и ќе се цртаат чудовиштата на Zipit. За време на викендот ќе следуваат танцови перформанси, бесплатен зумба час за деца и родители, како и уникатно детско Fashion Show. Покрај големиот број на активности, забава и изненадувања, за време на саемот ќе има и попусти во повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи кои ќе достигнат и до 50%. Дел од нив се Sportvision Kids, Office Plus, Просветно дело, Кимико, Крш тојс, Wenice, Okaidi, Chicco, Bebe home, Lapin house, Extreme intimo, Bebe confort и други.

Сите кои сакаат да бидат дел од настан кој измамува насмевки најпрвин кај најмалите, а потоа и кај повозрасните, се добредојдени да го посетат Skopje City Mall овој викенд. Целосната програма може да ја погледнете на www.skopjecitymall.mk/saem-za-deca.

МУЗИЧКИ МАРАТОН: 6-часовна дружба со Рибља Чорба, Црвена јабука и Ван Гог во Скопје

Љубителите на добрата музика на 19 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје уште еднаш ќе имаат привилегија да уживаат во познатите хитови на бендовите кои веќе неколку децении жарат и палат на Балканот. Метрополата уште еднаш ќе биде домаќин на добро познатиот бенд „Црвена јабука“, легендарниот „Ван Гог“ и „Рибља чорба“.

Холивудската мега ѕвезда Илајџа Вуд доаѓа во Скопје

Холивудската мега ѕвезда Илајџа Вуд, човекот кој веројатно најмногу го препознавате по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom. Концертот ќе се одржи во рамките на 15. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ кој започна од 10 до 19 ноември. Фестивалот традиционално го организира Младинскиот културен центар.

“Скопје Tribute“ во клубот Midnight

На 26.11.2016 (сабота), со почеток во 20:00h, Иноватива Груп Ви го претставува проектот “Скопје Tribute“ во клубот Midnight лоциран во строгиот центар на Скопје-Кеј 13ти ноември. Повелете на вечер посветена на златното време на EX YU Рок.

Влезните билети за настанот во претпродажба може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 300ден. Online Билети: http://mktickets.mk/skopje-tributeИнформации за настанот: https://www.facebook.com/events/1806007392947423/

ПРВ ДО ВРВ

Водно - Матка, недела/20 ноември - 08:30

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за панинари и велосипедисти.

По пристигнувањето на Матка ќе го одбележиме денот на ајварот со дегустација на најдобриот македонски деликатес од МАМА'С.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.