Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2015 (фото)

Раководитеделот на Секторот за локален економски развој, Слободан Ќосев, денеска им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во 7 категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата SWAT Research го реализира во периодот на месец ноември 2015 година.

- Секторот за локален економски развој на Град Скопје, во соработка со СВОТ ДООЕЛ Скопје, по деветти пат ја реализираше манифестација „Месец на трговијата“, со цел да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје. Проектот „Месец на трговијата” се организира во периодот од 1 до 30 и ноември 2015 година. Според резултатите на истражувањето можеме да утврдиме дека Вие како трговци сте инвестирале во објектите, но има и мали ситни недостатоци коишто треба да ги поправите за привлекување на потрошувачите. На добитниците им ја честитам наградата и им пожелувам успеси и во наредната година, истакна во своето обраќање Слободан Ќосев.

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговските објекти според примарните критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите, а годинава за првпат се вметна во една од категориите и насмевката, и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 900 посети на тајните купувачи во месец ноември и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:

Бутици

1. Пјер Карден

2. Гант

3. Lapin house

Супермаркети

1. Тинекс

2. Рептил Маркет

3.Гранап

Салони за мебел

1. Леснина Ми

2.Стиллес

3.Мебломак

Парфимерии и козметика

1.L OCCITANE

2. Ри-Ма

3. ДМ дрогерија

Модни додатоци и накит

1. Сигма

2. Тесоро

3. Сваровски

Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема

1. Сони Галерија

2. Неоком

3. Телеком продавница

Апарати за домаќинство и се за дома

1. Агротехна

2. Горење

3. Нептун

Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на добиените резултатите од истражувањето, се избераат и три најдобри трговски објекти од секоја категорија.