Профункционираа чуварските служби во блоковите од Градскиот Ѕид

Викендов започнаа со работа првите чувари распоредени низ блоковите на Градски Ѕид. Како што беше најавено, со цел зачувување на јавните површини и новопоставената урбана опрема, Општина Центар, вработи чувари кои ќе дежураат во паркчињата низ Градски Ѕид.

Жителите на околните згради беа примерно известени преку плакати на нивните влезови, за што се работи и која е целта на чуварите.

По истиот пример, Општина Карпош исто така постави служба за обезбедување на четири плоштади. Обезбедувани ќе бидат плоштадот „Делфина“, платото-фонтатна во Карпош 3, платото кај „Млечен“ и платото кај Педагошка. 16 часа на ден, по двајца обезбедувачи ќе се грижат за јавните простори и урбаната опрема.