Професорката Јаневска кон министерот за образование: Свидителства и учебнци нема, има поскапен прибор

Професорката Весна Јаневска јавно му се обрати на министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Причината е што учениците се уште не ги добиле своите свидетелства за претходната учебна година, но и темата за учебниците. 

-Министре Шаќири,

1. Свидителства уште нема. Се надевам по организацијата на вчерашната прослава “Арберија “ ќе се позабави и со нив.

2. Школскиот прибор е поскапен околу 50- тина проценти, а бидејќи учебници нема на тоа треба да се додадат дополнителни трошоци за скрипти и други материјали за учење, ИТ уреди, ранци и така натаму.

3. Вчерашното исвиркување на македонскиот јазик, на ваш голем срам, покажува дека проектот за меѓуетничка интехрација (МИО) не функционира. Мислите нешто да превземете?

17 дена пред почеток на новата учебна година, порача професорката.