Професорка од скопска гимназија: Државната матура ќе се полага, ќе биде онлајн со тричлена комисија

Сите професори во училиштата на ниво на град Скопје се вклучени во он-лајн наставата. Треба да ги оценуваме учениците и можам да кажам дека сме малку збунети, системски не се подржани овие работи, а и не сите учениците се во можност да одговорат на оваа задача, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ професорката во гимназијата Никола Карев, Елвира Мустафа.

Родителите ќе реагираат доколку децата ги добијат оценките од полугодие, а ќе се полага државна матура.

-Сметам дека оценките ќе се сведуваат на полугодишната оценка. Тука ќе има многу реакции од самите родители, децата можеби ќе имаат помала оценка, а ќе сакаат да ја поправат, што со ваков вид на настава ќе биде тешко. Државната матура ќе се полага. Имаме координација во училиштето и ќе биде онлајн со тричлена комисија, рече Мустафа.

Децата тешко ја поднесуваат изолацијата.

-Факт е дека децата сега се затворени и како на социјални битија ова тешко има паѓа. Мораме да ги сфатиме и на секаков начин да им помогнеме. Имаме е-дневник кој не функционира. Имаме барања од Министерството кои се тешко остварливи. Тоа е страшно, изјави Мустафа.