Професорите на УКИМ повикани на разговор во полиција

Според неофицијални информации на 24 Вести, од седум лица опфатени со полициската акција „Еразмус“ вчера на разговор во полициска станица биле повикани четворица.

Тројца од нив се универзитетски професори. Полицијата на Економскиот факултет вршеше претрес до доцните часови. Професорот Бобек Шуклев повеќе од 5 часа беше задржан и стоеше на паркингот во универзитетскиот кампус, а полицијата вршеше претрес на неговото возило. Тој потоа бил пренесен на информативен разговор.

МВР за денеска во 13 часот најави прес конференција на која ќе бидат соопштени детали за акцијата.