Професор Трајковски: Со антибиотици дефинитивно не се лекува корона вирус

Професорот Дејан Трајковски, на својот фејсбук профил, сподели стручен текст за употребата на антибиотици при лекувањето на корона вирусот - тема која е особено актуелна меѓу стручните лица од медицинската фела. 

-Според СЗО, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него.Но, додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција. Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена на болница), но дефинитивно НЕ може да се излекува од ковид-19, цитира дел од трудот проф. Трајковски.