Професор од Харвард тврди дека луѓето нѐ оценуваат само по две карактеристики

Луѓето донесуваат одлука за нас само во неколку секунди, но што е тоа што го забележуваат?

Професорката на Харвард, Еми Кади заедно со психолозите Сузан Фиске и Питер Глик повеќе од 15 години го спроведувала истражувањето за влијанието кое го оставаме кај другите луѓе. Во нејзината нова книга „Присутност“ таа истакнува две прашања на кои луѓето даваат одговор кога ќе нѐ сретнат.

1) Дали можам да и верувам на оваа личност?

2) Дали ја почитувам оваа личност?

Според психолозите, тие димензии се топлина и компетентност, а за да оставиме идеален впечаток кај луѓето добро е да ги имаме двете.

Проф. Кади истакнува дека во професионален контекст  треба да е поважна компетентноста. Според неа, сите ние сакаме, но и треба да покажеме дека сме паметни и талентирани и дека можеме да ја завршиме успешно зададената задача. Сепак, топлината е нешто по што луѓето најчесто не оценуваат во личните контакти. Тие сакаат да знаат дали можат или не можат да и веруваат на една личност. Тоа е важно за луѓето уште одамна низ историјата, особено бидејќи требало да се оценат другите луѓе по тоа дали можете да им верувате дека нема да ве убијат, или пак за нивните способности да запалат оган.