Професионалните војници на крајот на ангажманот со можност да добијат 1.000 евра за секоја година минат труд, се очекува зелено светло од Собранието

Професионалните војници со навршени 45 години ќе добијат можност да одлучат или да продолжат со работа во некоја од државните институции или пак да искористат т.н. испратнина со финансиски средства од 1.000 евра за секоја година помината во службата на Армијата. Средтсвата ќе бидат исплатени на сите нив од страна на Министерството за одбрана.

Тоа значи ако некој професионален војник работел 15 години, тогаш тој ќе добие 15 илјади евра. Ако работел меѓу 20 и 25 години во Армијата, ќе добијат финансиска опремнина меѓу 20 и 25 илјаади евра.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција посочи дека за оваа можност вчера Владата даде зелено светло на седницата и таа очекува многу брзо и Собранието да ги одобри ваквите измени на Законот за служба во Армијата.

– Веќе имаме согласнот да додадеме уште еден квалитет на професијата професонален војник. Денес уште еднаш покажуваме дека услвоите за работа во Армијата не се наша грижа од време на време, туку секој ден и постојано. Дека постојано ја подмладуваме Армијата, но не забораваме да се грижиме и за оние кои што ја граделе, ја градат, целата своја кариера ја минале во Армијата. На крајот на својот ангажман во Армијата, доколку не продолжат со работа во државните органи, да добијат еден финансиски пакет кој ќе им даде шанса понатаму, рече министерката.

Таа додаде дека овој предлог дошол од репрезентативниот Синдикат, но и како иницијатива од самите војници.

Шекеринска појасни дека ова е прашање за кое самите војнци ќе одлучат, дали сакаат да продолжат да работат во државните органи или да ја искористат оваа финансиска можност и да отворат сопствен бизнис или да работат во приватен сектор.

– Даваме булвално шанса за нов почеток на професионалните војници кога ќе наполнат 45 години. Ова е прашање за кое тие ќе одлучуваат. Нема некој друг да одлучува во нивно име, додаде министерката.

За остварување на ова право, таа посочи дека професионалните војници ќе треба да поднесат писмено барање кое треба да биде доставено до 30 јуни во годината кога ќе наполнат 44 години, со што ќе се даде шанса на Министерство да ги испланираат овие средства во буџетот и да може да ги исплати во зависнот од тоа колку војници ќе се одлучат за една, а колку за друга опција.

– Преземаме обврска како Министертсво сите обврски да ги извршиме шест месеци пред тие да наполнат 45 години, рече министерката за одбрана.

Според Шекеринска, оваа право на избор е фер, после толку многу години поминати во Армија,и затоа таа им возвраќа на своите припадници.

Прашана за толку колку средства ќе бидат издвоени од буџетот за оваа намена, Шекеринска одговори дека се работи за средства од постоечкиот буџет, кои ќе треба на најсоодветен начин да се планираат и да се насочат.

Таа посочи оти е тешко да се знае износот на средствата за оваа 2021 година, но затоа како што рече, се воведува ова правило.

– Следната година ние ќе знаеме од оваа година до јуни месец колку пари ќе ни требаат за 2022 година. Оваа година ќе мора да бидеме пофлексибилни и ќе разговараме со сите професионални војници поединечно, тие ќе имаат рок во кој ќе треба да кажат дали сакаат една или друга опција, но не можеме до крај да кажеме колку оваа година. Ние не можеме во моментов да предвидиме колку време ќе треба Собрание да го усвои законот. Законот ќе се однесува на тие што полнат 45 години по донесувањето на законот, додаде министерката.

Сепак, таа појасни дека имајќи предвид колку е големината на вкупниот буџет на Министерството, ќе се најде решение.

– Најголем дел од парите ќе бидат во втората половина, еден дел од војниците ќе треба да заминат во ноември, тие може да ги исплатиме и од буџетот за следна година, не очекувам проблеми, но првата година е секогаш тешка, додаде таа.

Претседателот на репрезентативниот Синдикат во одбраната, Ванчо Исајов се заблагодари за постигната согласнот и рече дека Синдикатот дава поддршка на ова ново законско решение.

Тој се надева дека во најкраток временски рок решението ќе биде изгласано во Законодавниот дом и тоа ќе почне што побрзо да се применува.