Професии со најголема перспектива во следниве години

Ако сте во состојба кога треба да се одлучите за вашата идна професија и барате насока кон која ќе се школувате, според неодамнешните истражувања, ова се работни позиции кои се очекуваат да имаат најголем пораст т.е. најмногу ќе се бараат на македонскиот пазарот во следните години.

1. Специјалисти за маркетинг и истражување на пазарот. За да бидете добар маркетиншки аналитичар потребни ви се и добри математички способности, но и аналитички начин на размислување. Предвидена е стапка на пораст од 29% годишно.

2. Специјалист за намалување на трошоци. Се поголемата глобална конкуренција ги отвора вратите на оваа професија. Калкулирање на потребните средства, пари, време и работа. Предвидена стапка на раст од 29% годишно.

3. Финансиски аналитичар. Собирање податоци, анализа и известување како би се носеле подобри инвестициски одлуки. Предвидена стапка на раст 20-28% годишно.

4. Менаџмент аналитичари. Истражуваат, собираат и анализираат податоци, непрестајно се во тек со најновите техники и случувања од областа во која работат, се со цел поуспешно претпријатие. Предвидена стапка на раст 20-28% годишно.

5. Градежни инженери. Градежништвото и понатаму останува важен сегмент во светот, а особено се барани проектанти за мостови, автопати и аеродроми. Предвидена стапка на раст 10-19% годишно.

6. Аналитичари од областа на информационите технологии. Сигурно подрачје каде иновативноста ќе се цени во наредните години. Предвидена стапка на раст 10-19% годишно.