Проф. Трајковски: Епидемијата во Македонија постепено се ближи кон својот крај

Професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид-анализа смета дека колку и да изгледа неочекувано, трендот на забавување на епидемијата, прв пат забележан уште минатиот петок, продолжува неделава.

-Забележуваме два врва на преносливоста, пред првиот круг на локалните избори и после отворањето на диско и ноќните клубови, но штетата од нив беше прилично ограничена, дносно амортизирана (придушена). Разни групи граѓани се заразиле од тие настани, но бргу се воспоставила некаква нова рамнотежа. Просто е неверојатно ако толку лесно куртулиме од есенскиот бран. Но, истото се забележува и во БиХ, со која споделуваме речиси идентина епидемиолошка крива, освен што таму немаше летен дел од бранот, предизвикан од свадби како кај нас. Во сите балкански земји есенскиот врв е достигнат и бројките веќе се намалуваат, пишува тој во анализата. 

Професорот со оптимистични прогнози. Оценува дека епидемијата во Македонија простепно се ближи кон својот крај, односно на пат е да премине во ендемија - случајни заразувања, со сезонски и не многу големи бранови на заразување.

-Така би се влечеле можеби со години, додека постепено сите не прележиме, со тоа што вакцинираните би поминувале полесно. Реинфекциите ќе станат нормална појава, слично како на сезонскиот грип, а ковид-19 повеќе нема да биде медиумска вест, констатира тој. 

Целата негова детална анализа може да ја прочитате подолу: