Проф. Силјановска Давкова: Дваесетина камери снимаат интимен простор на „Орце Николов“

Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Фејсбук реагира дека при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ која минува низ Дебар Маало во скопски Центар, на бандерите се прикачени видео-камери кои, според професорката и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, се насочени во интимниот простор на граѓаните.

-Пред неколку дена, во духот на заложбите за „безбеден и мирен град“, дваесеттината истопорени светлосиви стапови, ДОБИЈА ОЧИ, одосно по ДВЕ КАМЕРИ, од кои ЕДНАТА е фокусирана на улицата, а другата е директно насочена кон нашите домови, небаре сме во реално шоу. Би сакала да верувам дека фокусот случајно, од невнимание или незнаење е ДЕФОКУСИРАН, ама да ГИ ПОТСЕТАМ НАДЛЕЖНИТЕ на членот 25 од Уставот: „на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на ПРИВАТНОСТА на неговиот личен и семеен живот….“, пишува професорката. 

Таа во својата објава додава: 

-Ако е НАЈДОБРОТОТО за „ Центар“ е да Ве набљудува ГОЛЕМИОТ БРАТ, додека го читате антиципативниот ОРВЕЛ, за мене и моите комшии е – НАЈЛОШОТО!, реагира таа.

 Целиот нејзин статус на фејсбук прочитајте го во продолжение: