Проф. Најчевска со став за богатењето на функционерите: Парите лесно се следат само ако се сака

Професорката Мирјана Најчевска со интересен став и предлог како да се спречи криминалното богатење во земјава. 

Вели дека, според неа, најдобро решение е конфискација на противправно стекнатиот имот на функционерите. 

-Да ви кажам право јас лично не сум премногу заинтересирана за тоа колкава затворска казна ќе биде досудена на некој кој ја злоупотребил функцијата. Многу повеќе ме интересира да се донесе пресуда со која ќе се направи неисплатлив криминалот. Најдобар начин ова да се постигне е со конфискација на целиот противправно стекнат имот. За мене противправно стекнат имот на еден функционер е целокупниот имот стекнат во време на обавувањето на функцијата, а кој ги надминува вредностите на платата која ја добива за овој период од државата, вели таа во објава на својот фејсбук профил. 

Доополнува:

-Значи се што не можело да биде купено со парите од платата е противправно стекнат имот.

Ова се однесува и на членовите на потесното семејство на функционерот.

Парите лесно се следат само ако се сака.

Само криминални структури во власта не сакаат да го започнат овој процес.