Проф. Најчевска: НЕ за францускиот предлог ваков каков што е и со стапиците кои ги содржи

Професорката Мирјана Најчевска од почетокот на дебатата во јавноста за францускиот предлог е активна со свои ставови. 

Во пресрет на денешната пленарна седница во Собранието еве што порачува таа: 

-Да сум пратеник јас денес би гласала НЕ за францускиот предлог ваков каков што е и со стапиците кои ги содржи, а кои индицираат идни проблеми во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Можат да се направат измени кои би биле апсолутно прифатливи. И не се многу. 

-Претходно, во друга објава Најчевска порача: 

-Како безусловно ќе ги почитуваме јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара ако се откажеме од сите дејци на минатото, ако се откажеме од литературата, ако се откажеме од борбата за самобитност, од Миладиновци, и Гоце и партизаните и ... Што ќе остане?