Проф. Давитковски: Ние немаме вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии

Универзитетскиот професор Борче Давитковски смета дека ние, како дражава, немаме вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии.

-Не ни функционираат институциите. Ние немаме вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии. Оној кој ја има власта мисли дека располага со се. Нашите институции служат сервисно ориентирани кон власта. Треба да се ориентирани кон граѓаните. Секоја институција сама треба да функционира, согласно законот, да бидат сервис на граѓаните. Оној кој ќе влезе во администрација се додека тоа не го разбере, попусто, вели Давитковски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. 

-Да направиме ветинг, да земеме за секое ниво едно тестирање. Имаме парадокс пред 10-тина години, најдобрите кои имаат над 30 години стаж, требаше да се раководители на сектор, државен советник, а тие беа во втора група, а тие што беа по 3-4 години во администрацијата, го заземаа нивното место. Скалата мора да се помине, порача тој.