Проекти на Богоев за 2019 година: Хумани патроли, изградба на нов парк и нова градинка

Во Новата 2019 година планираме да направиме многу за Карпош, вели градоначалникот Стефан Богоев. 

Покрупни проекти кои тие ги издвојуваат се:

  • Паркот којшто ќе почнеме да го правиме оваа година, ќе се протега од вештачката карпа покрај Вардар, до бунарите на реката Лепенец;
  • Исто така, планираме да воведеме и Хумани патроли со коишто ќе им помогнеме и ќе ги посетиме нашите најмили, највозрасните односно пензионерите. Ќе отвориме и повеќе нови пензионерски клубови со многу содржини во нив;
  • Оваа година, со работа ќе почне и целосно изградената (од темел) градинка во Бардовци, а ќе почнеме и со целосна реконструкција на градинката во Тафталиџе 1, „Мајски цвет“.
  • Со картичката Мој Карпош, од 2019 година, Вие, граѓаните на Карпош, ќе можете да добиете многу попусти и бенефиции во повеќе стопански субјекти на територија на Општината;
  • Во 2019 ја планираме и изградбата на првиот затворен, реонски базен во дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“, во Тафталиџе 1.
  • Планираме и тековно одржување на инфраструктурата, зголемување на нивото на хигиената, нови контејнери и уште повеќе садници на дрвја кои ќе го обноват и освежат зеленилото во нашиот Карпош.