Проект среќа: Самохрана мајка моли за помош, потребни се парични средства

На фејсбук страната „Проект среќа“, попладнево беше објавен апел за помош. Овој пат самохрана мајка со две дечиња има потреба од парични средства за да може понатаму нормално да функционира нивниот живот.

Самохрана мајка на две деца, од Скопје, вработена, со примања од 17 000 месечно, од кои 10 500 се за кирија, а останатите за што побрзо, не прима никакви додатоци нити таткото плаќа алиментација за децата, за скоро ќе остане на улица со децата ако не плати заостанати кирии во висина од 40 000 ден, се вели во денешната објава.

Таткото на децата минатата година ги оставил и избегал во странство, при тоа оставил долг кај извршител од 5000 евра. Состојбата е сериозна, а дечињата се со психички трауми поради што подолго време посетуваат психолог.

Ве молиме да најдеме начин да и помогнеме сите заедно! Кој може и сака да донира, може да пише во порака на фејсбук страната „Проект среќа“.