Проект CleanBREATHE за решенија против загадениот воздух

Проектот CleanBREATHE (Мешано истражување за загадувањето на воздухот со помош на технички и едукативни решенија) има за цел да го направи загадениот воздух видлив и да иницира долгорочни промени во однесувањето на општествените чинители. Проектот се одвива помеѓу Магдебург-Стендал Универзитетот, Германија и УКИМ-ФИНКИ, Македонија, каде се вклучени креаторите на платформите за визуелизација на аерозагадувањето, Pulse.Eco1 и AirCare2 и О2 Иницијатива, здружение кое се залага за зголемена свест за аерозагадувањето и неговото намалување преку системски пристап.

Целите на CleanBREATHE за намалување на загадувањето на воздухот се:
1) Создавање граѓанска свест и одржливо прилагодување на однесувањето во две земји (Македонија и Германија) како модел за цела Европа, преку пристап на науката за критички дизајн.
2) Дизајнирање и планирање на сензорски мрежи, нови пристапи за сензори за мобилни уреди и алгоритми за предвидување на вештачката интелигенција.
3) Развивање на нови деловни модели кои имаат за цел да помогнат на бизнисите со однесување свесно за животната средина.

CleanBREATHE ќе организира работилници за граѓаните и студентите за подигање на свеста за темата и зголемување на учеството во процесот на собирање податоци.
Меѓу локалните работилници, во декември 2022, се реализира заедничка работилница со 16 студенти од Германија и Македонија која создаде идеи за јавна инсталација што може да се искористи за подигање на свеста за загадувањето на воздухот во градовите Магдебург (Германија) и Скопје (Македонија).