Проекцијата на концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“ го отвара циклусот Концерти во Кинотека

Во Кинотеката на Северна Макеоднија, на летната сцена „Мирно лето“ в четврток започнува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со дискографска куќа „Croatia Records“. Настанот ќе биде отворен со проекција на концертот на Влатко Стефновски од „Лисински“, во Загреб.

Кинотека информира дека од 1 јули, па секој следен четврток во јули ќе биде прикажуван по еден концерт од Блу Реј програмата на дискографската куќа.

– Циклусот го отвора концертот „Влатко Стефановски – Live at Lisinski“, од 17 април 2018 година, кога во Загреб беше промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“. Таа волшебна вечер гостите на Влатко беа „Љубојна“, Хојсак & Новосел и Јосипа Лисац. Овој концерт, кој беше отиснат на современиот медиум Блу Реј ја има историска важност, ова е прво Блу Реј издание на некој македонски музичар, велат од Кинотека.

Посетителите на овој настан ќе имаат прилика да се запознаат и со најновите изданија на „Croatia Records“, и да купат нешто на штандот на „Zec Electronic“.