Проекција на „Хај-Фај“ во чест на актерот Данчо Чевревски

На кинотечната програма вечер ќе биде прикажан филмот „Хај-фај“ (1987) на Владимир Блажевски, еден од петте дигитално реставрирани филмови македонски играни филмови објавени на ДВД носач.

Проекцијата на филмот е во чест на неодамна починатиот актер и продуцент Данчо Чевревски (1951-2020), кој во „Хај-фај“ оствари една од неговите позначајни улоги.

Данчо (Јорданчо) Чевревски дипломирал на ФДУ во Скопје на отсекот за драмски актери. Актерство на филм усовршувал на Универзитетот УКЛА во Лос Анџелес, САД. Бил и декан на ФДУ.

Глумел во десетици македонски и југословенски филмови: 1975 АТЕНТАТ ВО САРАЕВО, актер, игран, Јадран филм Загреб, Кинема Сараево, Центар ФРЗ Белград, Студио Барандов Прага; 1981 ДОРОТЕЈ, актер, игран, ЦФС Кошутњак Авала филм Београд; 1981 ИЗЛЕТ ВО ТОПОЛА (PIKNIK U TOPOLI), актер, игран, РЗСФР Филм 80 Београд, Арт филм Београд, Унион филм Београд, Морава филм Београд, Инекс филм Београд; 1983 ИГМАНСКИ МАРШ, актер, игран, Центар филм Београд; 1983 ГОЛЕМИОТ ТРАНСПОРТ (VELIKI TRANSPORT), актер, игран, Неопланта филм Нови Сад, Sherwood Production и Инковент Лос Ангелес, Lanterna Editrice Рим; 1984 ОПАСНА ТРАГА (OPASNI TRAG), актер, игран, Центар филм Београд, Зета филм Будва, Виба филм Љубљана, Македонија филм, Вардар филм; 1986 ДОБРОВОЛЦИ (DOBROVOLJCI), актер, игран, Зета филм Будва, Дунав филм Београд, ТВ Титоград; 1990 СТАНИЦА НА ОБИЧНИ ВОЗОВИ (STANICA OBIČNIH VOZOVA), актер, игран, Центар филм Београд, ТВ Сараево…

Чевревски ќе биде запаметен и по неговите улоги во филмовите од понов датум:„Панкот не е мртов“ (2008) на Владимир Блажевски, „Деца на сонцето“ (2014) на Антонио Митрикески, „Втора шанса“ (2019) на Марија Џиџева, а како еден од основачите на продукциската куќа „Триангл“ ги продуцирал и филмовите на Столе Попов, „Џипси меџик“ (1997) и „До балчак“ (2014).

Добитник е на повеќе награди: 1978 година – Годишна награда на весникот МЛАД БОРЕЦ – Скопје / „Најдолгиот пат“; 1981 – Сојузна награда Седум секретари на СКОЈ / „Црвениот коњ“; 1987 – Годишна награда за најдобро актерско остварување на ревијата ЕКРАН – Скопје / „Хај-Фај“…