Продолжуваат протестите за францускиот предлог, денешниот протест е закажан за 19:00 часот

Протестите во знак на револт кон доставениот француски предлог продолжуваат и денес, пред Влада на РСМ со почеток од 19 часот. 

Планирано е најпрво да се започне од пред Владата, а од таму граѓаните да се упатат преку Министерството за надворешни работи до Собранието .

Граѓаните под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“ веќе неколку дена го истакнуваат јавно својот револт за доставениот предлог, а во тек се и интензивни преговори помеѓу владиниот врв со повеќе сектори од државата. 

Денес, се случи и средбата помеѓу претседателот на земјава Стево Пендаровски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел каде се разговараше за предлогот, а со став за францускиот предлог излегоа и од Пензионерскиот синдикат.