Нови три случаи на напади од улични кучиња биле регистрирани на различни локации во Скопје.
Вчера во 14.32 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(63) од Скопје пријавила дека на ул. „69“ била касната од куче скитник.
Потоа во 20.30 часот во Полициската станица Центар, К.С.(49) од Скопје пријавила дека на ул. „Партение Зографски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Додека во 01.00 часот во Полициската станица Драчево, Н.С.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник.