Продолжуваат нападите од уличните кучиња - каснати двајца мажи и една жена

Вчера пристигнале пријави за три каснувања од улични кучиња во Скопје.

Најпрво во 10.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ѓ.Ј.(67) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 17.15 часот во Полициското одделение Мирковци, С.С.(77) од с.Глуво, скопско, пријавил дека на место викано Орашец, атар на с.Глуво, бил каснат од куче.

А потоа во 17.25 часот во Полициската станица Карпош, Т.Ш.(26) од Скопје пријавила дека на бул.„8 Септември“ била касната од куче скитник.