Продолжуваат градежните работи за изградба на фекалната канализација во Страчинци

Градоначалникот на Општина Гази Баба вчера имаше можност да се сретне со жителите од населеното место Страчинци со цел да направи увид на текот на изградбата на новата канализациона мрежа во ова населено место.

Реализацијата на градежните работи се одвива согласно утврдената динамика.

Овој проект се реализира на барање на општина Гази Баба, а со поддршка од Министерство за животна средина и просторно планирање.