Продолжуваат актвностите за чистење на Аеродром, исчистени депонии на неколку локации во општината

Оваа недела ја завршуваме со уште една успешна акција за чистење на депониите што се формираат околу контејнерите, станбените згради и јавните и зелени површини на повеќе локации низ Општина Аеродром.

Одржувањето на јавните и зелените површини и грижата за здрава и чиста животна средина се приоритет во работењето на Општина Аеродром, продолжуваат активностите за чистење на депониите во општината. 

Во новата 2023 година, во општината отпочна воведувањето на нов начин на организација и работа на комуналните служби. Покрај реорганизацијата во тековното работење и одржувањето на јавната хигиена, службите на Општина Аеродром секојдневно ги следат состојбите на терен, се мапираат локациите каде се концентрира поголемо количество отпад и се постапува во најбрз можен рок.

Одговорноста за чиста и здрава средина се однесува првенствено на нас како локална самоуправа, но истовремено и на граѓаните и компаниите во општината. Општината ќе ги преземе сите дејствија насочени кон подобрување на состојбата со дивите депонии. Истовремено апелираме до сите граѓани да го одложуваат отпадот во согласност со сите правила и прописи.