Продолжуваат акциите за чистење на црните точки во градот

Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“ денеска започна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“ на улицата Перо Наков, во општина Гази Баба.