Продолжува топлото и сончево време, температурата до 31 степен

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 15 Целзиусови степени, а дневната температура од 26 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната температура ќе достигне до 31 степени. 

Продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време.