Продолжува „Рекет“, денеска ќе сведочи обвинителот Рустеми

Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд како сведок за случајот „Рекет“.

Рустеми е обвинителот кој ја водеше истрагата за предметот „Поштенска банка“, а којшто предмет беше споменуван во случајот кој се води против поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, и Бојан Јовановски – Боки 13.

Тој ќе биде третиот обвинител од тимот на Јанева кој ќе биде повикан како сведок. Досега сведочеа Елизабета Јосифоска, која ѝ беше заменичка на специјалната обвинителка, и Лиле Стефанова.