Продолжува расчистувањето на улиците од снег и мраз во општина Аеродром

Зимската служба на Општина Аеродром интензивно работи на расчистување на улиците од снег и мраз.
Службите се на терен и фрлаат сол на улиците, паркинг - улиците и патеките кои се под надлежност на Општината.

Улиците континуирано се расчистуваат со две возила за зимско одржување улици што Општина Аеродром ги набави специјално за таа намена.