Продолжува монтажата на звучните сигнали на семафорите и обележувањето на такси станиците на улиците во општина Центар

Во рамките на пролетната работна акција во општина Центар денес екипите на ЈП Улици и патишта ги санираа ударните дупки на улицата Даме Груев и булеварот Гоце Делчев во површина од 22метри квадратни и извршија санација и нивелација на една канализациона шахта на оваа улица.

На семафорите на крстосницата улица Димитрие Чуповски со улица 11ти Октомври се монтирани осум уреди за звучна сигнализација за слепи лица, а на улицата 11-ти Март обележани се такси станици со капацитет од шест возила.

Во текот на утрешниот ден екипите продолжуваат со работни активности на булеварот Гоце Делчев и останатите улици кои се предвидени во планот за работа за акцијата во општина Центар.