Продолжува асфалтирањето на улици во Кисела Јабука

По завршување на подготвителните работи, улиците 28, 48 и 52 во Кисела Јабука добија асфалт. Механизацијата на  ЈП,,Македонија пат “ останува на терен. Од понеделник почнува eтапна  припрема за асфалтирање на преостанатите 21 улица во Волково и Кисела Јабука. Проектот за реконструкција и рехабилитација на Министерството за транспорт и врски преку ЈП ,,Македонија пат” опфаќа 33 улици кои треба инфраструктурно да се комплетираат.

Очекувам процесот да биде заокружен во брзо време. Целта ни е да обезбедиме соодветен пристап на граѓаните до своите домови-истакна градоначалникот Александар Наумоски при увидот на градежните работи.