Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во Кисела Вода

Сезонските работници од општина Кисела Вода денеска се ангажирани во акцијата за собирање кабаст отпад што се спроведува во урбаните заедници Цветан Димов и Бирарија.

Граѓаните од овие две урбани заедници кабастиот отпад треба да го изложат во периодот од 7 до 11 часот пред своите домови и колективните згради на пошироките улици. Потребно е отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на општина Кисела Вода.

Габаритниот отпад утре ќе се собира од урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат известени преку општинската веб-страница и преку референтите во подрачните канцеларии на нивните месни и урбани заедници.

Сезонските работници вчера ги подигнуваа старите и непотребни предмети со погабаритна големина од жителите на Пржино и Црниче.