Продолжува акцијата за пролетно расчистување на Општина Кисела Вода

Акцијата за пролетно расчистување која Општина Кисела Вода ја започна неодамна, продолжува да се одвива и денес. Утринава околу 50 сезонски работници ангажирани од страна на општината, преку секторот за месна самоупрва и социјална заштита излегоа на терен и преземаа работни активности за расчистување во село Драчево, Пржино и Црниче.

Се чистат тревните површини, парковите, тротоарите и улиците кои се во надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, се кастрат и исушените гранки од дрвајата и грмушките. Започнатите работни активности за пролетно расчистување на Општина Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат во наредните 15 дена. Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за jавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина.