Продолжувa акцијатa за поставување заштитни столпчиња во централното градско подрачје

Продолжувa акцијатa за поставување заштитни столпчиња по должината на повеќе улици и булевари во централното градско подрачје.

Оваа координирана акција се спроведува по налог на Град Скопје и истата е во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на пешаците.

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња на тротоарите на дел од улицата „Даме Груев“.