Продолжува акцијата за почиста Кисела Вода

Сезонски работници од Општина Кисела Вода заедно со службите на ЈП „Комунална Хигиена” денеска спроведуваат акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски”, од крстосницата со улицата „Народни Херои” до Пинтија.

Од општинската прес-служба информираат дека се чисти со механизација и рачно, односно со две цистерни, три камиони, машини за метење, се собира сметот, се собираат паднатите лисја, се кастрат сувите надвиснати гранки, се мијат улиците и се расчистуваат автобуските постојки.

-Продолжуваме со големата акција за чистење и расчистување на општина Кисела Вода. Денес се работи заедно со јавното претпријатие кое е под надлежност на Градот Скопје, Комунална Хигиена, и кое има ингеренции над главните сообраќајници. Како што најавив, ги вклучивме сите ресурси, сите капцитети во насока на подигнување на хигиената и комплетно менување на ликот и имиџот на општина Кисела Вода. Ваквите акции ќе бидат редовни, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Чистењето долж булеварот „Борис Трајковски” ќе продолжи и утре. Ќе се чисти на потегот од Пинтија до Драчево.