Продолжува акција за поставување заштитни столпчиња во централното градско подрачје

Продолжува големата акција за поставување заштитни столпчиња по должината на повеќе улици и булевари во централното градско подрачје.

Оваа координирана акција се спроведува по налог на Град Скопје и истата е во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на пешаците. Во оваа акција изминативе два месеца досега се поставени околу 300 заштитни столпчиња.

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршуваат градежни активности за поставување заштитни столпчиња на тротоарите на булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со улица „Свети Кирил и Методиј“ до крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“.