Продолжениот викенд полн несреќи во Скопје

Еден возач на мотоцикл бил потешко повреден во една од вкупно 22-те сообраќајки случени во текот на продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки полесно биле повредени 11 лица, а во 14 била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека продолжениов викенд сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и пет возачи за неправилно престројување. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 44 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници. Затекнати биле 79 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 30 возила.