Продолжени роковите за увид во ДУП во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, донесе одлука, рокот за јавниот увид за ДУП-Градска четврт Ј21-локалитет Клинички центар и Геолошки завод и ДУП-Градска четврт 311-локалитет Буњаловец 1 и Буњаковец 2 да го продолжи за уште дополнителни 10 дена. 

Согласно член 24, став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, јавната анкета трае 10 работни денови. Анкетата за овие ДУП-а, траеше во законски предвидениот рок од 21.12.2015 до 05.01.2016. година. Единствен неработен ден во овој период беше 1.01.2016 година.

Сега, поради максимална транспарентност во процедурата на носење на плановите, рокот, со одлука на Жерновски, е продолжен и ќе трае до 15.01.2016 година. Ова се прави за да може што поголем број граѓани да извршат увид, бидејќи Деталните урбанистички планови се носат за нив.

Општината ги известува жителите на Центар дека од 11.01. - до 26.01.2016 година, во просториите на ООУ „Коле Неделковски“, ќе биде изложен ДУП Градска четврт 312-Локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, секој работен ден од 08-16 часот. Јавната презентација ќе се одржи на 20.01.2016 година во 13 часот, во просториите на општина Центар.