Продолжен викенд со отворени граници: Нема задржувања на граничните премини

Денеска не се забележани задржувања на граничните премини од Македонија кон соседните држави. 

На граничниот премин Богородица во моментов нема застој. Со оглед на тоа дека ова е прв продолжен викенд откако границите се отворени, се очекуваше и зголемен интензитет на сообраќајот. 

Од друга страна пак, ниту на преминот Меџитлија нема зголемена густина на сообраќајот. 

Иако сите многу го очекувавме денот кога слободно ќе патуваме во соседните држави, особено во Грција, се чини дека сепак посебните услови, кои бараат потврда за две дози вакцина и/или негативен ПЦР тест, создаваат дополнителен трошок на Македонците. Исто така, добар дел од граѓаните се уште не се вакцинирани ниту со првата доза од вакцината. 

Граничните премини кон Грција остануваат отворени секој ден од 06 до 22 часот.