Продажба на алкохол и во киосците

Со измените на Законот за трговија ќе се укине само временското ограничување за продажба на алкохол. 


Во Собранието пристигна предлог-законот за измени на законот за трговија кој има за главна цел укинување на ограничувањата во законот кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои истата се забранува. 

Со предлог - законот се предвидува: продажбата на алкохолни пијалоци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат исполнување на минимално-технички услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалоци.

Исто така со законот се предвидува да не се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши трговија со алкохолни пијалоци, односно се предвидува да се дозволи продажбата на истите да се врши и во киосците.

Предлог - законот исто така предвидува да не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалоци во малопродажните објекти во трговијата на мало. 

Предлог - законот за изменување на Законот за трговија содржи 8 членови. Со членот 1 од Предлог - законот се интервенира во членот 23-а така што се бришат ставовите 4 и 5 со кој беше предвидено продажбата на алкохолни пијалоци трговецот да се врши само во посебен продажен објект за продажба на алкохолни пијалaци или во посебно издвоен дел од продажниот објект кој е соодветно обезбеден.

Исто така со овој член се брише обврската за исполнување на минимално технички услови за продажба на алкохолни пијалоци за продолжување на лиценцата.