Прочитајте го овој текст ако карантинот и затворањата направија да се чувствувате осамено

Тешко е човек да не се чувствува заробено кога нема каде да оди и нема што да прави. Моменталните околности прават да биде невозможно да процениме колкав е ризикот кој секојдневно го преземаме за нашиот живот и за животите околу нас. Но, што да правите кога чувството на осаменост и изолација ве излудува?

Променете ја перспективата.

Осаменоста генерално се смета за негативна состојба која се одликува со чувство на изолираност. Ако ги имате овие чувства кога сте сами, тогаш ќе се согласам и ќе кажам дека најверојатно сте осамени. Но, полошо е чувството на осаменост додека сте опкружени со луѓе. Тоа може да се случува од разлчни причини и потребно е да нурнете во душата за да го откриете изворот. 

Но, што ако ја промените перспективата и почнете да размислувате за осаменоста, не како „осаменост“, туку „самотија“? Да, дефинитивно на сите ни е потребна прегратка или да ги видиме блиските како ни се насмевнуваат во живо. И сигурно ви недостасуваат многу работи, но сето тоа е променето сега. Дали можете целосно да ги промените овие околности?

Наместо да го гледате ова како трагична осаменост, повторувајте си ги овие работи.

Вие избравте да бидете сами за да научите нешто за себеси.
Вие избравте да бидете сами за да го научите јазикот на вашето срце и ум.
Вие избравте да бидете сами за да побарате утеха и спокој во вашата сила.
Вие избравте самотија за да се откачите од хаотичноста на светот околу вас.
Вие избравте самотија за да не мора да им угодувате на сите.
Вие избравте самотија за да ѝ остапите простор на вашата оригиналност. 

Да, навистина може да биде тешко кога сме сами, без да имаме можност да побараме утеха во друг човек и тоа во подолг временски период. Ова е уште потешко доколку сте екстроверт, затоа што вие уживате во друштво и луѓе. Но, вие сте силни и отпорни. Променете ја малку перспективата за да го прифатите овој момент кој ќе ви дозволи да вежбате флексибилност. Доколку ја промените перспективата и секој ден си ги повторувате овие работи, нема да ѝ дозволите на осаменоста да победи.