Прочитајте го ова ако ви е преку глава од сѐ....

Како што старееме се чини дека животот станува сѐ потежок.

Колку подалеку одиме, толку повеќе стрес ни се наталожува во животот. И така посакуваме да се вратиме во времето кога најголем проблем нѝ беше расправањето за тоа кој прв ќе се лула на лулашката и грижата дали ќе јадеме чоколадо по вечерата.

Како што си тече животот, ние се соочуваме со повеќе предизвици. Колку подолго тече животот, толку повеќе влегуваме во тешки ситуации.

Колку повеќе старееме, толку позрели мораме да бидеме за да носиме одлуки кои влијаат на нас многу повеќе од времето кога бевме тинејџери.

Мислам дека сите ќе се сложиме дека животот не станува полесен со годините. Ако ништо друго, делува дека станува потежок.

Ова можеби е вистина, но една работа која доаѓа со секоја тешка ситуација која мораме да ја надминеме е силата. Колку полоши работи се случуваат, толку повеќе сила мораме да најдеме во себеси за да ги надминеме.

Како што тече животот, ние учиме како да преживуваме. Учиме како да преживееме и покрај сѐ.  Учиме како да преживееме, без оглед на тоа што ни е дадено.

Понекогаш дури се прашуваме себеси како го правиме ова. Се наоѓаме себеси како поминуваме низ ужасна недела и се прашуваме како сме го преживеале сето тоа.

Кој и да е одговорот, вие преживувате. Кој и да е одговорот, вие преживувате затоа што во себе сте ја пронашле силата за да го направите тоа.

Секоја лоша работа со која се соочуваме нѐ подготвува за нешто коешто ќе се случи во иднина.

Со секој лош период, ние собираме уште повеќе сила за да ја надминеме наредната пречка.

Па затоа, кога ќе ви дојде сѐ преку глава и кога се чувствувате изгубено, сетете се колку далеку сте дошле.

Сетете се на вашата сила.
Сете се на вашиот отпор.
Преживеавте се пред ова, ќе го преживеете и ова.

Чекор по чекор.