Прочитајте ги овие зборови ако чувствувате болка која никој не ја разбира

 

Чувствувате болка која никој не ја разбира.  Многу работи ви се случија и никако не можете да одите напред. Некои денови ви е добро, а други се чувствувате како да не можете да станете од кревет.

Но, луѓето не го разбираат тоа.

Ви велат дека веќе би требало да ги поминете сите тие работи. Ви велат дека не треба да дозволите минатото да го одредува тоа како се чувствувате денес. Ви велат дека морате да се чувствувате добро. Но, некако тоа не ви оди така лесно, потребно ви е време.

Но, болката е уште присутна. Ве уморува и ви делува како да ќе трае вечно и иако сакате да ја надминете, таа борба трае и трае.

Не дозволувајте зборовите на другите луѓе да влијаат на вас и да прават уште полошо да се чувствувате. Не им верувајте на нивните зборови дека тие поминале уште полоши моменти од тие што ги минувате вие. Не насобирајте црни мисли само поради тоа што ви велат дека вашата болка не е валидна и дека претерувате.

Наместо тоа, фокусирајте се на себеси. На својата битка, и трудете се чекор по чекор да го надминете тоа што го чувствувате. Одалечете се од тие луѓе кои не ви помагаат и до себе чувајте ги само оние кои ви даваат поддршка. Никако не дозволувајте да се чувствувате виновно поради тоа што чувствувате болка.

Дозволено ви е да го чувствувате тоа што го чувствувате. Тоа е ваша болка и ваша животна патека. Можеби не сакате да е тука, но таа ќе помине.