Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што е предвидено

Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што е предвидено.

Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Кумановско и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино, Кавадарци и Прилеп, како и меѓу Битола, Скопје, Тетово и Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 километри. Тоа е огромна инвестиција која ќе биде од голема полза за граѓаните и компаниите.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по промоцијата на 14 нови врвни дела од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Ангалија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

 Работите, нагласи Груевски, се одвиват во полн ек, напредокот е сериозен, во зрела, длабока фаза на градба, на инсталирање на гасоводите. 

На среднорочен план, како што најави, е предвидено продолжување на овие краци. 

Објавен е и тендерот за секундарна гасификација, односно за барање концесионер кој ќе ја направи секундарната гасификација. Има интерес од повеќе фирми и се очекува концесионерот да биде избран годинава.

 - Има интерес од повеќе фирми и очекувам годинава да биде избран еден концесионер кој во наредните две години ќе ја изгради секундарната гасоводна мрежа, напомена Груевски.