Проблемот на силните жени: Тие секогаш привлекуваат погрешни мажи

Барањето сродна душа  не е лесно, и покрај советите и зборовите од пријателите кои се во долги врски. Тоа особено не е лесно за чувствителната, современа, независна и финансиски силна жена.

Современите, слободоумни и успешни жени се пример за останатите, особени оние кои се уште живеат во традиционалната женска улога и кои се заробени во патријахална средина каде што се чувствуваат беспомошни, но и многу несреќни. За нив, овие современи и независни жени изгледаат силно, како божици. Многумина им се восхитуваат за нивната смелост.

Но, тие имаат еден голем проблем: привлекуваат погрешни мажи.

Во својата работа се успешни, успешни се и во пријателствата и запознавањето нови луѓе, често и патуваат и излегуваат, но наоѓањето на совршен партнер не е воопшто едноставно за нив. Како по правило, паѓаат на погрешни мажи.

Оваа жена е силна, енергична, еманципирана, самосвесна и силна. Таа знае што сака и на различни начини се труди да го постигне тоа. Таа не ги мрази мажите и сака да ја најде љубовта. Но, таа не трпи се и сешто од другите. Ваквите жени често се наоѓаат во дилемата дали сакаат маж кој е предаден и мирен, или пак маж кој ќе ја поттикне нивната имагинација, кој е самоуверен и силен. Но, таквата комбинација не се наоѓа лесно. Или е едното или другото.

Проблемот на силната жена е што таа го привлекува мажот кој талка низ животот, кој е нескротлив и кој го живее животот како степски волк. Тоа е тип на маж кој ги остава жените да чекаат, да се прашуваат дали се сакани и тој покажува аверзија кон врските и бракот. А, кога ќе наиде на ваков маж, мислејќи дека ги победила сите битки во животот, па ќе ја победи и оваа – таа се обидува да го скроти, да го припитоми и врзе за себе.

Но, тоа е невозможно.

Луѓето не се менуваат. Волкот никогаш не станува јагне.

Не трагајте по она што не можете да го промените.