Професор во Спортската гимназија „Методија Митевски -Брицо" во Скопје бил истепан од татко на ученик кој бил отстранет од час бидејќи со проблематичното однесување ја прекинувал наставата.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера претпладнето откако професорот М.Н.(40) повеќе пати го предупредил ученикот да не го нарушува часот со неговото однесување, по што бил отстранет од час. По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, по што ученикот му се заканувал на професорот. Тогаш реагирало обезбедувањето, и ученикот бил отстранет од училиштето.

Во 12.10 часот во училишниот двор професорот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат. Откако професорот кажал дека неговиот син бил проблематичен и дека другите ученици поради него не можат да следат настава, таткото го нападнал професорот.

Полицијата го расчистува случајот.